Американската компанија Tesla оствари квартален профит по трет пат од своето 15 годишно постоење, пишува BBC.
Производителот на електрични автомобили забележа рекордни 311,5 милиони долари профит во третиот квартал од 2018 година, благодарение на забрзаната испорака на возилата.
Со одличниот резултат извршниот директор Илон Маск го исполни ветувањето што на почетокот од годината го даде на инвеститорите.
Во писмот упатено до нив Маск го нарече успехот “историски“ и изјави дека тоа се должи на “напорната работа и генијалноста на компанијата“. Тој исто така најави дека Tesla е на вистинскиот пат да оствари профит и во четвртото тромесечје од годинава.
Последниот профитабилен квартал за Tesla беше во 2016 година.
Фото:Facebook