Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар за септември

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, остануваат непроменети на месечно ниво, а пониски за 1% на годишно ниво.

Во септември 2018, во споредба со август 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 0,2%, Капитални производи 0,1%, Трајни производи за широка потрошувачка 0,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1%.

Во септември 2018, во споредба со септември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 7,7%, Капитални производи 0,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.