На 26-ти овој месец беа доделени наградите за филантропија ОКО за 2017 година, стои во соопштението.
Цел на Наградите за филантропија ОКО, коишто ги организира Здружението ХОРУС е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата во Македонија.
Наградите ОКО им даваат можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.
Добитници на Наградите по категории се:
ОКО – Награда за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија: Здружение Младинска Асоцијација ИМКА (YMCA) Битолa,
ОКО – Награда за новинар/медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Република Македонија: TV21,
ОКО – Специјална награда за воспоставено долгорочно – стратешко партнерство помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор (заедничка награда за претпријатие и здружение/фондација): Алкалоид АД Скопје и Црвен Крст на Град Скопје,
ОКО – Награда за корпоративна филантропија за мало претпријатие: Фрешис Скопје,
ОКО – Награда за корпоративна филантропија за средно претпријатие: Рок Кафана Рустикана Скопје,
ОКО – Награда за корпоративна филантропија за големо претпријатие: Шпаркасе Банка АД Скопје,
ОКО – Награда за индивидуален филантроп од Македонија: Борче Стаменов,
ОКО – Специјална награда за поттикнување на филантропија во заедницата: Хуманитарна организација Свети Спас Скопје,
Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact имплементиран од ХОРУС, како организација – членка на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија.