Агроплод за девет месеци оствари добивка од 5,1 милиони денари

50

Агроплод од Ресен во текот на деветте месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 5.172.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 3.279.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно септември оваа година достигнаа ниво од 17.071.000 денари, а целиот износ е остварен на домашен пазар.