Компанијата којашто е позната како двигател на е-трговијата во земјава, Grouper.mk ја привршува најголемата кампања насочена кон промоција на домашниот туризам наречена Дестинација: Македонија.
Кампањата којашто се реализира четврта година по ред, нуди огромен избор на локални патувања, искуства и специјалитети по неверојатно ниски цени, а на корисниците им докажува дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта.
За оваа кампања, Grouper.mk креираше водич од 101 зделка со примамливи цени, за сите вистински љубители на патувањата, историјата, недопрената природа, вкусна традиционална храна и авантури, со цел да се доживее, искуси и вкуси Македонија, на вистински начин.
“Во текот на годината имаме неколку големи тематски кампањи, а оваа кампања е насочена кон промовирање на домашниот туризам. Со кампањата Дестинација Македонија не само што се поттикнуваат македонските туристи и авантуристи да запознаат што се нуди Македонија, туку е и одлична промоција за македонската туристичка понуда. Голем број на сместувачки капацитети и угостители за прв пат се вклучуваат во онлајн продажба преку учеството во кампањата, што ни претставува вистинско задоволство затоа што вредноста која ја носиме е многу поголема од едноставна продажба. Особено ни е драго што речиси сите соработници од претходните години се вклучија и оваа година, што говори за нивното задоволство од соработката со Grouper. Оваа година во кампањата се вклучија над 80 сместувачки капацитети и угостителски објекти, a до сега се купени над 2.000 ноќевања, искуства и гастрономски уживања, секако по специјални групер цени. Кампањата директно влијае на развојот на туризмот со промоција и поголема туристичка посетеност на многу домашни понудувачи кои биле непознати за многу Македонци“, вели Нина Ангеловска, коосновач и директор на Grouper.mk.
Помеѓу многубројните зделки може да се најдат и Bestseller хотелите во прекрасна природа како Радика Маврово и Калин Лазарополе, релаксирачките спа центри на Хотел Изгрев Струга, Хотел Тино св.Стефан, Hotel Gardenia & SPA и многу други и вкусна храна и вински дегустации во винарија Chateau Sopot, Стоби и Попова кула.
Кампањата Дестинација Македонија започна на 24 септември и ќе трае до 15 ноември 2018. Дестинација Македонија има посебно значење за Grouper и затоа е поттикната со многу подароци, изненадувања и големи попусти. Исто така, за време на кампањата, Grouper во партнерство со Mastercard овозможува дополнителна заштеда за сите оние патувачи кои ќе купат некоја од зделките од Дестинација Македонија со својата Mastercard картичка.
Повеќе информации за кампањата и изненадувањата кои ги подготви Grouper.mk можете да најдете на нивниот блог.