Фото: Pexels
Тим предводен од американскиот архитект Дејвид Херц разви енергетски ефикасна технологија за собирање чиста вода за пиење од воздухот, којашто е сместена во контејнер што е лесен за транспорт, пишува Dezeen.
Станува збор за системот WEDEW, којшто може да генерира 2.000 литри вода дневно, преку комбинација на ладен и топол воздух со цел да се создаде кондензација. Тоа претставува своевидна имитација на начинот на којшто се создаваат облаците.
Овој систем може да биде од голема корист во оние области каде што има недостиг од вода или пак проблем е нејзиниот квалитет.