Тетекс од Тетово во текот на деветте месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 50.749.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 48.101.000 денари.
Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти септември изнесуваат 136.354.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 64.503.000 денари, додека поголемиот дел од 71.851.000 денари е реализиран на пазари во странство.
На крајот на септември лани, вкупните приходи од продажба достигнаа вредност од 147.616.000 денари,