Македонијатурист за девет месеци евидентираше добивка од 83.039.000 денари

44

Македонијатурист во деветте месеци од оваа година евидентираше добивка од 83.039.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани, добивката на компанијата изнесуваше 83.367.000 денари.

“Со работењето Друштвото деветте месеци од 2018 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 91,07 милиони денари, којашто е за 0,78% помалa во однос на истиот период од претходната 2017 година или нето добивка 83,04 милиони денари, којашто е за 0,39% помала од истиот период во минатата година“, стои во Коментарот на билансот на успех.

Вкупните приходи до 30.09.2018 год. изнесуваат 279,33 милиони денари и се остварени со 104% во однос на истиот период од претходната година, односно истите се зголемени за 4% во споредба минатата 2017 година, додека вкупните трошоци од редовното работење до 30.09.2018 год. изнесуваат 188,26 милиони денари и се зголемени за 6% во однос на истиот период од 2017 година.