Србија излезе од рецесија

36

srbijaВо првото тримесечје, индустриското производство во Србија забележа раст од 5,2%, што придонесе и за умерен раст на бруто домашниот производ (БДП) од 1,9%, соопшти српското министерство за финансии повикувајќи се на податоците за државниот Завод за статистика.

Според министерството, со тоа српската економија излезе од рецесија во која беше цела 2012 година, кога во сите четири квартали бележеше пад на БДП.

Годинава во првиот квартал скоро тројно е зголемено производството во автомобилската индустрија, а висок раст е остварен во производството на нафтени деривати, хемиската, фармацевтската и тутунската индустрија, делумно во текстилната индустрија и производството на мебел.

Извозот оствари раст од 22% во однос на истиот период лани, додека увозот практично стагнира, што доведе до пад на надворешно трговскиот дефицит за една четвртина.