YouTube е подготвен да воведе претплата на некои канали и тоа уште во текот на оваа недела. Целта на воведувањето на претплатата е финансиска помош на каналите за да се прошири содржината во вид на ТВ емисии и филмови, но и да послужи како дополнителен извор на приходи, пишува Financial Times.
Google веќе со месеци подготвува систем за наплата за YouTube, а тест периодот за наплата на содржините би требало да опфати 50 канали, за кои месечно ќе се плаќа 1,99 долари. Се уште нема никакви информации кои канали ќе се наплаќаат.
Google во 2012 година од рекламирање на YouTube заработи 1,3 милијарди долари, а почетокот на наплата на содржините е само уште еден чекор кон зголемување на приходите.