Вештачки цветови како храна за инсектите во урбаните средини

137

Фото: matildeboelhouwer.com

Холандската дизајнерка Матилде Боелхауер дизајнираше серија од вештачки цветови што дождовницата може да ја претворат во шеќерна вода, со што може да послужат како извор на храна за инсекти во урбани средини, пишува Dezeen.

За проектот, што го носи името Food for buzz, дизајнерката користи полиестер за да создаде вештачки цветови. Тие имаа специфичен квалитет на изработка што ги привлекува инсектите, како што се пчели, бумбари, пеперутки и слично.

Целта на овие вештачки цветови е да им обезбедат храна на инсектите што ќе се најдат во урбаните средини каде што има помалку вегетација.