Еколошки амбалажи за храна од ферментирани бактерии и квасец

221

Фото: From Peel to Peel

Италијанската дизајнерка Ема Сичер создаде биоразградлива амбалажа, како еколошка алтернатива за пластиката. Комбинирајќи остатоци од храна со бактерии и квасец таа креираше цела колекција производи како дел од проектот From Peel to Peel.

Еколошките амбалажи за храна се добиени преку процес на ферментација на бактерии и квасец, наречена “скуби“ заедно со остатоци од овошје и зеленчук.

Добиената смеса/материјал се суши на различни површини со цел да добие различна структура, пишува  Dezeen. Сичер комбинира различен вид на овошје за да создаде амбалажи со различни бои.

Освен што е потребно помалку енергија за да се создаде овој вид на пакувања од целулоза, кога веќе нема да се употребуваат истите можат да се искористат и како ѓубриво за почва.

Амбалажите, исто така, сe отпорни на вода, што значи погодни се за чување на шеќер, сол, брашно, ориз, чај…