Градежната компанија Гранит, во текот на деветте месеци од 2018 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 266.696.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 181.233.000 денари.
“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 2.655.117.000 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2017 година бележат намалување за 21%“, стои во Образложението за остварените резултати.