Фото: Pexels
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во септември оваа година, изнесува 24.355 денари, додека во бруто износ е 35.794 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 4,8%.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (21,9%), Информации и комуникации (15,2%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (11,1%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (4%), Образование (2,4%) и Други услужни дејности (1,5%).