Фото: Facebook
Норвешката компанија Retyre на голем број велосипедисти ќе им го олесни возењето на нивниот миленик на две тркала. Retyre стои зад изум во којшто се вклучени повеќе гумени додатоци со различни шари што може лесно да се постават на тркалата од велосипедот и да го прилагодат возењето според условите на патот, пишува Dezeen.
Овие гумени додатоци може лесно да се постават на површината на гумата, а исто толку едноставно е и нивното отстранување. За помалку од 60 секунди, корисникот може да го адаптира возењето со својот велосипед според условите.
Retyre планира и создавање на гумени додатоци во коишто ќе има вградено LED осветлување и електроника што ќе овозможи поврзување со паметен уред.
Во иднина, моделите на гуми на Retyre би можеле да се изработат од влакна од кокос и 100% рециклирана гума.