Почетна Дизајн Научници создадоа авион на јонски погон без подвижни делови

Научници создадоа авион на јонски погон без подвижни делови

42

Фото: MIT

Група истражувачи од Универзитетот MIT успешно создадоа летало што се движи на јонски погон, односно ветер и нема никакви подвижни делови.

Авионот лета благодарение на жици со висок напон (40.000V) коишто ги привлекуваат негативно наелектризираните електрони од молекулите во воздухот, кои пак се поврзуваат со негативните електроди на задниот дел од леталото.“Судирите“ од новоформираниот јонски ветер креираа притисок којшто овозможува авионот да остане во воздух. Леталото е широко пет метри, а тежи 2,2 килограми.

Сепак, ќе биде потребно уште многу време пред оваа технологија да ги освои небесните ширини. Прототипот успешно прелета 60 метри во сала за вежбање, но му беше потребен голем простор за електродата за да се создаде доволно притисок.

Авионот не зависи од фосилни горива, ниту пак батерии и воопшто не се слуша кога лета. Научниците се надеваат дека во иднина ваков вид на летала ќе можат да се комбинираат со потрадиционални системи на согорување и да се создадат хибридни, поекономични модели на патнички авиони.