УЈП: Пензионерите ослободени од пријавување годишна даночна пријава во следните седум години

34

Пензионерите се ослободени од пријавување годишна даночна пријава во следните седум години, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Јавната дебата којашто беше актуелизирана по презентацијата на електронскиот систем е – Персонален данок, како што наведуваат од УЈП, укажа на потешкотиите со кои пензионерите ќе се соочуваат при регистрацијата на електронскиот систем.

Со новиот Закон за личен доход се предвидува, во наредните седум години да се одложи обврската за доставување на Годишна даночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тоа значи дека во даночните периоди од 2018 до 2024 година, пензионерите кои не оствариле друг доход, освен пензија, се ослободени од било каква обврска кон УЈП поврзана со Годишната даночна пријава.