Маркетинг специјалистот, Филип Котлер, дел од Светскиот маркетинг самит во Истанбул

214

Фото: Facebook

Професорот Филип Котлер, познат специјалист за маркетинг, на четврти декември доаѓа во Истанбул на Светскиот маркетинг самит (World marketing summit – WMS), пишува Хуријет.

Основан пред седум години, под водство на Котлер, WMS се одржуваше во повеќе земји во светот, како што се: Јапонија, Канада, Бахреин и Индија. Оваа година самитот ќе се одржи во Турција, а домаќин ќе биде Стопанската комора на Истанбул.

Овој настан, како што се наведува, се смета за еден од најпрестижните платформи за професионалци за маркетинг на глобално ниво.

Се очекуваат над 1.000 маркетинг професионалци да бидат дел од ова случување.