Конкурс за доделување на 20 стипендии за eвропска едукативна програма

40

Приватно научниот институт ИЕГЕ објавува повик заучество во професионална европска едукативна програма за Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови.

Единствена од ваков тип,професионалната едукативна програма за Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови овозможува надоградба на знаењата и професионален развој на маркетинг и евент менаџерите.

Еден од најважните приоритети на програмата е градење на релевантни и висококвалитетни вештини и компетенции на учесниците.Програмата е приспособена за кандидати кои веќе имаат искуство во областа на маркетинг и менаџирањето на настани и сакаат да добијат специјализирано и применливо знаењево ова поле.

Институтот ИЕГЕ доделува 20 (дваесет) целосни стипендии,за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од меѓународни тренери со примена на иновативни практики и современи алатки.

Програмата ќе ја имплементираат домашни и меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство од следниве институции: Приватно научен Институт ИЕГЕ од Македонија;Европски центар за студирање и иницијативи CESIE од Италија, Технички Универзитет Кемниц, департман за маркетинг и евент менаџмент од Германија и ICQ Consulting Ltd од Велика Британија.

Програмата се состои од следните предмети: 1. Strategic Event Management, 2. Event Concept and Design, 3. Event Controlling & Performance, 4. Sustainable Brands, 5. Intelligent Event Leadership, 6. Event Industry Challenges& Trends.

Секој предметќе биде реализиран со комбинирано учење, во училница и систем зае-учење.

Програмата ќе се спроведува на англиски јазик, од јануари 2019 до јуни 2019 година.