StorySign е апликација на Huawei за Android којашто со помош на знаковен јазик им овозможува на децата со оштетен слух да читаат.
За да ја активираат детето или родителот кликнуваат на одбраната книга од библиотеката на StorySign. Потоа го држат телефонот над зборовите на страната и аватарот Star преку знаковен јазик им раскажува, додека печатените зборови се потенцираат на екранот. Клучна улога тука ја има вештачката интелигенција, односно виртуелната девојка Star.
Апликацијата е бесплатна на Google Play и на AppGallery од Huawei и не е потребно да имате Huawei телефон. Моментално поддржува 10 знаковни јазици (англиски, француски, германски, италијански, шпански, холандски, ирски, швајцарско – германски и белгиско – фламански).
StorySign е поддржана од Европската Унија на лицата со оштетен слух и Британската асоцијација на лица со оштетен слух. Дизајнирана е од Aardman Animations.
Фото: Huawei