Повеќенаменски и ефикасен материјал добиен од рециклирани пластични шишиња

72

Фото: news.nus.edu.sg

Тим научници од националниот Универзитет на Сингапур од стари пластични шишиња успеаја да создадат аерогел, што може да има широка примена, стои во официјалното соопштение.

Овој материјал може да се користи за топлотна и звучна изолација, чистење на нафтени дамки, апсорпција на јаглерод диоксид, како и за заштитна противпожарна облека.

“Отпадот од РЕТ шишиња е најраспространет вид и ја загрозува нашата животна средина. Нашиот тим разви едноставен, евтин и еколошки метод за трансформирање на пластичните шишиња во РЕТ аерогел што може да се користи на различни начини. Од едно пластично шише може да се направи аерогел со големи од А4. Технологијата на создавање може да се прилагоди на масовно производство што во иднина може да влијае на штетното влијание на РЕТ пластиката на животната средина“, вели професорот Хаи Мин Дуонг, кој е на чело на тимот научници.