Нова намена на Amazon Go продавниците за самопослужување

31

Фото: Amazon

Американскиот ланец за онлајн трговија отвори компактна верзија на својата Amazon Go продавница за храна, без каси, базирана на самопослужување, пишува Reuters.

Станува збор за осмото по ред продажно место од ваков тип, а лоцирано е во една од канцелариите на компанијата во Сиетл.  Во новата продавница купувачите ќе можат да најдат салати и разни ладни оброци, коишто се плаќаат на истиот принцип преку мобилен телефон.

Овој концепт на продавница во отворен простор би можела да се искористи и на други места како лобија во хотели, компании, болници, па дури аеродроми, каде постојано има луѓе што чекаат и добро би им дошол оброк.

Од Amazon велат дека овој дизајн е одлично решение за големи отворени простории и се надеваат дека со новата намена, односно локација на продавниците, ќе привлечат што поголем број на купувачи.