Фото: Pexels
Новиот кампус на Apple, којшто е планирано да биде изграден во Остин, Тексас, ќе чини една милијарда долари, пишува BBC.
Компанијата веќе има свои канцеларии во градот, како и Dell, Amazon, Samsung, Facebook, Google и IBM. Во постоечкото седиште на Apple во Остин работат 6.200 вработени што ја прави оваа локација најголема, по главната база во Купертино, Калифорнија.
Новиот кампус првично ќе вработи 5.000 луѓе, но ќе има капацитет за 15.000 работници, во повеќе сектори како програмирање, истражување и развој и продажба.
Моментално компанијата има 90.000 вработени во Тексас, вклучувајќи го и персоналот во малопродажба.