Фото: Youtube
Универзитетот од Британска Колумбија создаде едноставна онлајн игра од којашто може да се научи како прецизно да се селектира отпадот, стои во соопштението.
Во горниот дел од екранот се појавуваат четири квадрати, што претставуваат категории на отпад: остатоци од храна, контејнери за рециклирање, хартија и дали производот е за во отпад.
Играчите мора да одлучат во кој вид на отпад, во кој контејнер припаѓа, па ако е во ред, играта го сигнализира тоа.
Резултатите од спроведеното истражување и тестирање на оваа игра покажува дека виртуелното сортирање на отпадот, може да помогне и реално решавање на проблемот.
Таканаречената гемификација на селектирање на отпадот може на долг рок да го намали загадувањето во градовите.