Модниот бренд Louis Vuitton купува луксузна хотелска групација за 3,2 милијарди долари

48

Фото: Pixabay

Францускиот луксузен моден бренд Louis Vuitton Moet Hennessy (LVMH) ја купува луксузната хотелска групација Belmond за 3,2 милијарди долари, пренесува CNBS.

Се очекува трансакцијата да биде реализирана во првата половина од 2019 година, а во рамки на тие 3,2 милијарди долари, освен вредноста на Belmond, влегуваат и долговите на групацијата.

Компанијата Belmond поседува и управува со 46 луксузни хотели, ресторани, бродови за крстарење по реки во Европа и Азија.