Новогодишна Зоо бајка во Зоолошка градина Скопје

28

Овој викенд (22 и 23 декември), во Зоолошка градина Скопје за првпат ќе се одржи дводневна забава за деца- Новогодишна Зоо Бајка. Од 12:00-16:00, најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма и во двата денови.

Во сабота и недела од 12:00 е закажана претставата Новогодишно чудо со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете.

За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимирани филмови ( Zootopia и Frozen).

Влезниците се по цена од 100 денари (за деца и возрасни) и може да се набават на билетарата на Скопје Зоо, секој работен ден, како и за време на настанот.