Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, традиционално и по повод 11 години од своето постоење, на пригоден настан додели годишни награди и благодарници.
Професор д-р Голубка Нечевска – Цветановска од Одделението на градежни инженери е добитник на наградата именувана Проф. Д-р Александар Цане Ангелов.
Од одделението на архитекти и урбанисти, наградата именувана Проф. Борис Чипан ја доби Рафаил Влчевски. Наградата именувана Проф. д-р Станимир Јовановски ја доби Горан Мојсоски од одделението по електротехника. Комората ја додели наградата именувана Проф. д-р Илија Черепналковски на Сашо Николоски од одделението на машински инженери.
Исто така, годинава е доделена и посебна благодарница на Лилјана Настева-Симиџиевска, за придонес во развојот на инженерството во областа на електротехниката.