КХВ: Одобрение за издавање долгорочни хартии од вредност за Мако Ас од Струмица

54

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Македонија донесе Решение со кое на Акционерското друштво за застапување во осигурувањето Мако Ас АД Струмица му даде одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, стои во соопштението.

Станува збор за 35.000 обични акции, со вкупен износ од 35.000 евра. Втората емисија на акции се врши заради зголемување на основната главнина и тоа од средства на друштвото по основ на исплата на дивиденда во акции на единствениот акционер на АДЗО Мако Ас АД Струмица.

На седницата што се одржа на 19-ти декември, КХВ даде согласност за именување на Даринка Дамјановиќ за директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, која и во моментов ја извршува оваа функција. Мандатот е четири години, односно до октомври 2022 година.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија позитивно се изјасни  за измените и дополнувањата на Правилата за работа и на Правилата за членство на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, кои значат усогласување со последните измени на Законот за хартии од вредност.

Исто така, КХВ донесе 11 решенија за кандидати кои ги исполнија условите за полагање на стручен испит за инвестициско советување и 12 решенија за работа со хартии од вредност.