Фото: Pixabay
Во текот на 2017 година, секој жител во земјава создал 379 килограми комунален отпад, што е за пет килограми помалку во однос 2016 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
“Во 2017 година, во споредба со 2016 година, е создадено помало количество комунален отпад по жител за 1,3%“, покажуваат податоците.
Од вкупното количество создаден комунален отпад, собрани се 80,8%. Во вкупното количество собран комунален отпад, најголемо е учеството на измешан комунален отпад со 87,2%. Потоа следи органскиот отпад со 6%, а најмало учество има собраниот отпад од гума со 0,2%.
Во текот на минатата година, учеството на трошоците за заштита на животната средина во однос на вкупните инвестиции е 30,5%. Во вкупните даноци за заштита на животната средина, во 2017 година, најголемо е учеството на даноците за енергија со 64,5%.