Фото: Pixabay
На својот профил на Twitter, основачот на Tesla, Илон Маск најави дека следата година цела Европа ќе биде “покриена“ со супербрзи електрични полначи за автомобили. Според него, мрежата целосно ќе го снабди стариот континент, “од Ирска до Киев и од Норвешка до Турција“, пишува Engadget.
Изминатиот месец производителот започна со подготовка на автомобилот Model 3 наменет за европскиот пазар.
Од компанијата, исто така, најавија дека европската верзија на возилото ќе биде опремена со комбиниран систем на полнење (CCS), односно приклучоци компатибилни за брзо полнење.
Tesla вети дека ќе ги надгради постоечките суперполначи во Европа со CCS системи пред да пристигне Model 3 автомобилот.