Германија: Мини скенер што ја одредува свежината и рокот на храната

46

Фото: Fraunhofer

Научници од Институтот за истражување, Fraunhofer со седиште во Минхен, создадоа мини скенер што со помош на инфрацрвени зраци ја одредува зрелоста и рокот на храната. Уредот ги испраќа добиените резултати преку Bluetooth на апликација од смартфон, откако истите ќе бидат испитани во базата на системот.

Скенерот може да го одреди животниот циклус на производот во отпакувана и во спакувана форма. Она што е погодно кај него и неговата големина и преносливост – тој е доволно мал и компактен за да се носи во џеб. Целта, според истражувачите е да се намали фрлањето на храната, со тоа што корисниците ќе можат сами да видат колку трајност има производот што го чуваат дома или оној што сакаат да го купат.

Освен тоа, уредот може да ја одреди и автентичноста на храната, на пример, дали маслиновото масло е со одредени додатоци и слично.

Моментално, скенерот не може да го утврди рокот на храна што не е нехомогена, односно што содржи различни состојки како на пример пица, но тимот работи истото да биде овозможено.