Виртуелен дисплеј на Bosch за секаква површина

65

Bosch претстави уред што проектира виртуелен дисплеј којшто може да се користи на било каква површина.

Наречен е модул BML100PI и е наменет за индустриско производство. Преку проекција, корисникот може да одбере што сака да прави со одреден предмет, да го купи, пушти на перење…

Димензиите на BML100PI се 47 x 43 mm, односно е помал од кредитна картичка и конзумира само 2 W електрична енергија. Идејата на производителот е модулот да биде вграден во кујнски елементи, мебел или паметни гаџети во домот, со што на нивните површини ќе се проектираат виртуелни дисплеи, вкупно шест одеднаш на различно место.

Според Bosch, проекциите ќе бидат кристално јасни без разлика на каква површина ќе се прикажат – темна, обоена, влажна, заоблена. Проектираната слика ќе биде интерактивна, благодарение на ласерски зраци коишто детално ќе ја скенираат сликата и ќе детектираат кога и каде ќе биде допрена од страна на корисникот.

ФотоBosch