Nestle ги отфрла пластичните цевки и развива биоразградливи шишиња за вода

44

Фото: Pixabay

Прехранбениот гигант Nestle од следниот месец ќе почне да ги отфла пластичните цевки од своите производи и работи на развој на биоразградливи шишиња за вода, во обид да го намали пластичниот отпад, јавува Reuters.

Швајцарската компанија од февруари ќе почне да користи алернативни материјали како што е хартијата и да ги инкорпорира дизајн што ќе ги замени пластичните сламки со цел да се намали отпадот.

Сегментот за флаширана вода на Nestle ќе ја зголеми употребата на РЕТ пластиката за 35% до 2025 година.

Nestle развива нови материјали базирани на хартија и биоразградливи материи што може да се рециклираат.