Франција го казни Google со 57 милиони долари за нарушување на правилата на приватност

40

Фото: Pexels

Американскиот технолошки гигант Google треба да плати 57 милиони долари казна поради нарушување на правилата на приватност коишто важат во Европската Унија, пишува Reuters.

Казната беше изречена од страна на француските регулатори, според кои “најголемиот пребарувач во светот нема транспарентност и јасност во начинот на кој ги информира корисниците за управување со лични податоци.“

Општата регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ стапи на сила во мај 2018 година. Таа им овозможува на корисниците подобро да ги контролираат своите лични податоци и им дава моќ на регулаторите да наметнат парични казни до 4% од глобалните приходи за прекршоци.