Просечна месечна нето плата за ноември била 24.548 денари

50

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24.548 денари, додека во бруто износ е 36.017 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, е зголемена за 5,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен  во секторите: Информации и комуникации (19,2 %), Рударство и вадење на камен (18,6 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10,2 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,6 %), Други услужни дејности (5,5 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (3,5 %).