Volkswagen развива мобилен брз полнач за електрични автомобили

46

Фото: Volkswagenag.com

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen развива мобилни брзи полначи за електрични автомобили.

Овие полначи се флексибилни, па може да се постават на јавни паркинг места, компании или привремено поставени на одредени јавни настани.

Мобилната станица за полнење работи според принципот на енергетска банка, што им е познато на луѓе кои имаат паметни телефони, но сега ќе служи и за електрични возила.

Капацитетот на полнење до 360 kWh и овозможува полнење на 15 електрични возила.

Благодарени на технологијата за брзо полнење, процесот на полнење во просек трае 17 минути.