DaiBau – платформа што поврзува инвеститори со изведувачи на градежни објекти

141

Фото: Pixabay

DaiBau е платформа за градежништво и реновирање, а има за цел да поврзе инвеститори на градежни објекти со изведувачи.

Од 2017 година, DaiBau се фокусира на клиенти кои се занимаваат со изградба на деловни недвижнини и поголеми објекти, а на платформата во овој момент има над 30.000 активни изведувачи на градежни работи од: Хрватска, Словенија, Австрија и Србија, пишува Netokracija.com.

DaiBau на корисникот му овозможува да пребара каков мајстор му е потребен, а потоа самата платформа го поврзува со изведувач со кој би можел да се договори за сите детали. Корисниците кои може да бидат приватни лица, компании или јавни институции, DaiBau им препорачува и градежни компании, архитекти и други експерти.

Наместо да пребарува по различни огласи, корисникот на својот мејл може да добие листа на мајстори и изведувачи кои ги задоволуваат бараните критериуми.

Оваа словенечка платформа доби финансиска поддршка во висина од 700.000 евра од South Central Ventures и Vito ONE.