Tesla го презема американскиот производител на батерии Maxwell

54

Фото: Facebook

Технолошката компанија Tesla ја презеде американската компанија Maxwell Technologies, производител на батерии и компоненти. Во трансакцијата, чија вредност е 218 милиони долари, Maxwell во целост ќе стане сопственост на Tesla.

Инаку, Maxwell се занимава со производство на батерии и кондензатори. Неодамна најавија дека бараат стратешки партнер што ќе им помогне развој на суви батериски електроди. Оваа технологија би требало да го зголеми енергетскиот потенцијал на батериите, да им го зголеми животниот век и да ги намали трошоците за нивно производство.

Батериите на Maxwell би требало да се инсталираат не само во електричните возила на Tesla, туку и во сите системи на компанијата што имаат потреба од електрична енергија.