Комерцијална банка со максимален дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција за Интернет банка и мБанка за физички лица

214

Со цел да се зголеми заштитата при електронските плаќања преку Интернет банка и преку мобилната апликација мБанка, Комерцијална банка воведува максимален дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција, кои се дефинирани во Општите услови на Комерцијална банка АД Скопје за користење на услугите на електронско банкарство за физички лица, стои во соопштението.

“Доколку сакате да направите промена на својот дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција, до износ на максимално утврдените лимити, истото може да го направите преку веб-страницата на Интернет банката, користејќи листа на кодови или сигурносен токен“, велат од банката.

Промените на лимитите за Интернет банка и за мБанка може да се направат во делот Мое мени – Промена на лимити.

Комерцијална банка, исто така, на своите корисници на Интернет банка им овозможи нова опција, а тоа е самостојно ресетирање на заборавена лозинка за најава на сопствениот интернет профил.

Дополнително, на корисниците на мобилната апликација мБанка им овозможи нова услуга за пренос на средства од сопствена денарска/девизна штедна книшка по видување кон сопствена денарска трансакциска тековна сметка, односно сопствена девизна сметка.