Uber регистрираше загуба од 1,8 милијарди долари во 2018

40

Фото: Pexels

Највредниот старт – ап од САД, Uber минатата година регистрираше загуба од 1,8 милијарди долари, пишува The Drive. Оваа бројка е мало подобрување споредено со онаа во 2017 година кога загубата изнесуваше 2,2 милијарди долари.

Од друга страна, пак, компанијата забележа пораст на продажбата со остварени приходи од три милијарди долари во последните три месеци од 2018 година, што е за 2% зголемување од претходното тримесечје, а 25% повеќе од истиот период пред една година.
Лани Uber го продаде својот бизнис во југоисточна Азија на Grab и го спои бизнисот во Русија со Yandex и нивните продажби беа исклучени од финансиските резултати на компанијата.