Фото: Pexels
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2018 година, изнесува 25.784 денари, додека во бруто износ е 37.704 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2018 година во однос на декември 2017 година, е зголемена за 8,1%.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28%), Уметност, забава и рекреација (24,3%) и Рударство и вадење на камен (20,9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (22,1%), Информации и комуникации (22,1%) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3%).