Kомерцијална банка АД Скопје е заинтересирана за поставување на банкомати (АТМ) на неколку локации во Скопје и низ земјата, стои во соопштението.
Во Скопје: Сопиште, Скопје Север, Пржино или Црниче, Јурумлери, Ново Лисиче и Центар – околу потегот ЗОО, Градски парк, Фонтана, Дебар Маало.
Низ Републиката: во Струга, Кичево, Прилеп (с.Лажани и с.Кривогаштани), Струмица, Кавадарци (Росоман), Виница и Дебар.
Трошоците за целосна монтажа и инсталација на АТМ Банкоматите ќе бидат од средства на банката.
Сите заинтересирани физички и правни лица, кои поседуваат простор на овие подрачја, што се наоѓа на атрактивна и фреквентна локација (Централно лоцирана), со правни субјекти во опкружувањето, со пристапност и паркинг до просторот 24/7/365 дена во годината, како и приклучок за електрична енергија, се замолуваат да достават
Понуди на е-маил адресата на банката на contact@kb.com.mk, со приложување на следната документација:
- Имотен лист за сопственост на просторот;
- Потврда за отворена сметка во Комерцијална банка АД Скопје (заради плаќање на закупнината);
- Фотографии од понудениот простор;
- Месечен износ на закупнината во нето износ (со вклучен трошок за потрошена електрична енергија од банкоматот);
- Согласност за склучување петгодишен договор за закуп;
- Контакт лице, адреса,телефон и е-маил за комуникација.
*Пожелно е понудениот простор да има сопствен видео мониторинг (надзор).
Напомена: банката нема обврска да ја прифати доставената Понуда.