Индра Нуи, поранешната извршна директорка на PepsiCo се приклучи на Одборот на директори на Amazon.
Таа беше на челната позиција 12 години, а ја напушти компанијата во октомври лани, пишува CNN. Пред да стане извршен директор во PepsiCo Нуи имаше функција на главен финансиски директор.
За време на нејзината 24-годишна кариера во гигантот за прехранбени производи и пијалаци, PepsiCo купи големи брендови, инвестираше во здрави производи и ја спречи поделбата на компанијата на одделни бизниси за храна и пијалаци.
Нуи, исто така, ќе има улога и во ревизорскиот комитет на одборот.
Фото: Facebook