Мода од Свети Николе со добивка од 5,1 милиони денари ја заврши минатата година

104

Акционерското друштво Мода од Свети Николе минатата година ја заокружи со добивка од 5.102.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2017 година, компанијата прикажа добивка од 4.310.000 денари.

“Остварена е добивка пред оданочување во износ од 5.209.330 денари, а по одбивка на данокот на добивка во износ од 107.341 денари, останува нето добивка за деловната година од 5.101.989 денари. Остварената нето добивка е за 18% подобра од минатогодишната и е резултат на помалите расходи и помалиот данок на добивка“, стои во Образложението на финансиските резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2018 година, имаа вредност од 233.574.000 денари. На домашен пазар е направена реализација од 27.172.000 денари, додека поголемиот дел од 206.402.000 денари е остварен на пазари во странство.