Подравка со највисока добивка во изминатите 70 години

42

Фото: Facebook

Хрватската прехранбена компанија Подравка оствари нето добивка во висина од 27,6 милиони евра, што претставува највисок износ во 70-годишното постоење на компанијата, пишува Вечерњи лист.

“Клучот на целата приказна е тоа што со новата организација на работењето минатата година се фокусиравме на нашите брендови и традиционалните пазари. Подравка пред тоа пет години расте преку аквизиции и немаше органски раст, така што поголемото производство и продажба на сопствени производи сосема очекувано имаше позитивен ефект за целата компанија“, вели Марин Пуцар, претседател на Управата на Подравка.

Откако згаснаа операциите во Кина и Африка, на пазарите за кои беше утврдено дека не се исплатливи, иновативно – развојниот циклус на компанијата ѝ донесе најголем раст најмногу во категоријата намази, а и продажбата на познатата Вегета повторно расте.