Пивара Скопје – лидер во постигнување на целите на одржлив развој

83

Пивара Скопје ја доби годинешната награда Предводници на целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Со наградата којашто се доделува во рамки на Проектот Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој, што го финансира Европската Унија, а го спроведува организацијата Конект, се потврдува лидерската улога на Пивара Скопје и нејзиниот долгогодишен придонес во постигнување на глобалните цели за одржлив развој, како и за нејзиното значење и влијание врз развојот на домашната економија и заедницата воопшто, стои во соопштението.

“Исклучително сме среќни и горди на оваа награда која ја доживуваме како верификација на постојаните, долгорочни вложувања и напори на нашата компанијата и на сите нејзини вработени во остварување на целите за одржлив развој. Тие се спроведуваат континуирано во текот на редовното работење на Пивара Скопје, како и преку реализацијата на голем број општествено одговорни платформи во области како што се: eдукацијата и развојот на младите, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, унапредување на здравјето и безбедноста, на умерената и одговорна консумација на алкохол, афирмирањето на полова рамноправност и други области кои имаат навистина големо значење за квалитетот на животот на целата заедница. Се разбира, во ова од голема полза е лидерството и поддршката што ја добиваме од системите на Coca-ColaHBC и Heineken каде припаѓа нашата компанија“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, заблагодарувајќи се за наградата.

Во креирањето и реализацијата на активностите и платформите за одржлив развој, Пивара Скопје има долгорочен и стратешки пристап. Притоа, во реализацијата на сите проекти компанијата настојува да вклучи голем број партнерски компании, институции, граѓански организации и поединци, а секако и своите вработени и членовите на менаџментот на компанијата, промовирајќи го на тој начин волонтерскиот ангажман, како посебен облик на општествено одговорно дејствување.

За своите досегашни заложби за одржливост, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, три години последователно, Пивара Скопје беше рангирана на првото место во индустријата за пијалаци во светот, според престижното глобално рангирање кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices). Се работи за глобален успех кој е резултат на голем број конкретни активности и инвестиции во зголемување на топлинската ефикасност и заштедата на енергија, во рециклирањето и заштеда на водата која се користи во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа, со што компанијата значително го намали своето влијание врз животната средина.