Промет во трговијата на мало во јануари

39

Фото: Pixabay

Во трговијата на мало, во јануари 2019 година, во споредба со јануари 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 140%, а реално за 12%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 6,4%, а реално за 5,5%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7%, а реално за 16%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 0,8%, а реално за 0,9%).