Фото: Pixabay
Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines минатата година забележа скок на нето профитот од 533%, пишува агенцијата Анадолија.
Нето добивката на компанијата во 2018 година достигна 753 милиони долари, додека во 2017 година добивката изнесуваше 223 милиони долари.
Оперативната добивка на авиопревозникот, исто така, забележа пораст од 73,5% и се позиционираше на 1,4 милијарди долари во 2018 година. Компанијата минатата година прокнижи приходи во висина од 12,85 милијарди долари, за разлика од 2017 година кога тие беа на ниво од 10,95 милијарди долари.
Turkish Airlines, основана во 1933 година, сообраќа на 306 дестинации во 124 земји во светот и располага со флота од 337 патнички и товарни авиони.