Загрепски старт – ап осмисли Shazam за видео

46

Фото: Pixabay

Марио Древеншек, Мирослав Зариќи Крешимир Пуљиќ, од загрепскиот старт – ап Beyond seen screen, ја создадоа апликацијата ExRey, пишува Novac.hr.

Станува збор за мобилна апликација со којашто може да се скенира било каква видео содржина и во истата секунда да се добие информација поврзана со таа содржина.

Апликацијата досега е тестирана на повеќе од 100 модели на паметни телефони, а сега се наоѓа во бета фаза, иако препознава 96% од видео содржините.

“Маркетиншкиот потенцијал на ExRey, но и оној за пласирање производи е голем. Сетете се само на филмовите за Џејмс Бонд во кои суптилно се пласираат скапи автомобили, часовници и облека. Пристапот до такви информации преку ExRey  може да биде уште попрецизен. Од друга страна, се отвора простор за соработка со бројни онлајн трговци. ExRey е пребарувач, исто како и Google, но за видео материјали“, вели Древеншек.