Фото: Pixabay
Технолошкиот гигант Google планира да искористи над една милијарда здравствени прашања што корисниците ги пребаруваат секој ден за да се информираат. Оваа одлука доаѓа по низата обвиненија дека Google е меѓу главните “виновници“ за ширење на дезинформации, посебно кога се во прашање медицински теми, особено за вакцинација на деца, пишува британски Телеграф.
Шефот на Google Health, Дејвид Фајнберг објави дека 7% од темите што се пребаруваат на Google се поврзани со медицина, што е околу 70.000 пребарувања во минута. Од таа причина, Google ќе се фокусира на решавање на проблемите со лажни вести, а тимови од лекари и медицински сестри веќе ги анализираат резултатите од пребарувањата во рамки на некои области, посебно оние што се однесуваат на дезинформации во врска со вакцините.